Светски развојни показатели

Овде може да споредите на карта и да креирате графикони за повеќе од 1000 показатели од временската серија од светските развојни показатели и повеќе од 5000 показатели од други колекции, како што се Статистички податоци за половите, Развојни показатели за Африка или Статистички податоци за образованието.

89% 2012
Извор
Бруто стапка на запишување. Основно образование. Вкупна стапка е вкупниот број на запишани ученици, без оглед на возраста, изразен како процент од бројот на население на возраст за официјално основно образование. Бруто стапката на запишување може да надмине 100% во случај на вклучување постари или помлади ученици, што е резултат на запишување во училиште порано или подоцна или повторување на учебна година.
Светски развојни показатели
Скриј го ова
5.2 2010
Извор
Емисии на јаглерод диоксид се оние кои произлегуваат од согорување фосилни горива и производство на цемент. Тие вклучуваат јаглерод диоксид произведен во текот на користењето на цврсти, течни и гасовити горива и палењето на гасови.
Светски развојни показатели
Скриј го ова
Извор
Стапката на национална сиромаштија е процентот на населението кое живее под националната линија на сиромаштија. Националните проекции се базираат на проекциите за подгрупи пондерирани со население од анкетите за домаќинствата.
Светски развојни показатели
Скриј го ова
Извор
Пристапот до подобрен извор на вода го прикажува процентот на население со погоден пристап до соодветно количество вода од подобрен извор, како што е водоводен приклучок на домаќинството, јавен хидрант, дупчотина, заштитен бунар или извор, како и собрана дождовница. Неподобрени извори вклучуваат снабдувачи, цистерни, како и незаштитени бунари и извори. Погоден пристап се дефинира како расположливост на најмалку 20 литри по лице дневно од извор оддалечен еден километар од живеалиштето
Светски развојни показатели
Скриј го ова
75 2012
Извор
Очекуваниот животен век при раѓање го прикажува бројот на години коишто преостануваат новороденчињата да ги одживеат доколку моменталната стапка на смртност во времето на нивното раѓање остане непроменета во текот на нивниот живот.
Светски развојни показатели
Скриј го ова
$4,800 2013
Извор
БНП по жител (претходно нарекуван бруто национален производ по жител) е бруто национален приход, конвертиран во американски долари користејќи го методот „Атлас“ на Светската банка, поделен со бројот на населението на средина на годината. БНП е збир на додадена вредност од сите резидентни производители плус даноци на производи (намалено за субвенции) коишто не се вклучени во проценката на вредноста на производството, плус нето приливи од примарен приход (надоместоци на вработени и приход од имот) од странство. БНП, пресметан во национална валута, обично се конвертира во американски долари по официјалниот девизен курс за споредба меѓу економиите, иако се користи алтернативен курс кога официјалниот девизен курс се смета дека отстапува со исклучително висока маржа од курсот којшто всушност се применува во меѓународните трансакции. За да се смират флуктуациите во цените и девизните курсеви, Светска банка користи посебен метод за конверзија наречен „Атлас“ . Тоа подразбира фактор за конверзија којшто пресметува просек од девизниот курс за дадена година и двете претходни години, коригиран за разликите во стапките на инфлација меѓу земјата и, во 2000 год., земјите „Г-5“ (Франција, Германија, Јапонија, Обединетото Кралство и Соединетите Американски Држави). Од 2001 год., во тие земји спаѓаат и Евро-зоната, Јапонија, Обединетото Кралство и Соединетите Американски Држави
Светски развојни показатели
Скриј го ова

Глобални економски перспективи – прогнози

Годишна процентуална стапка на раст на БДП по пазарни цени базирана на американски долар по курс од 2010 година.

ИзворИзвор
Годишна процентуална стапка на раст на БДП по пазарни цени базирана на американски долар по курс од 2010 година.
БДП е збир на бруто додадена вредност од сите резидентни производители во економијата, плус даноци на производи и минус субвенции коишто не се вклучени во вредноста на производите. Се пресметува без одбивање на амортизацијата на фабрикувани средства или за намалување и уништување на природни ресурси
Светската банка
Скриј го ова

Салдо на тековна сметка, % од БДП

ИзворИзвор
Салдо на тековна сметка како процент од БДП за годината.
Салдо на тековната сметка е збир од нето извоз на стоки и услуги, нето примарен доход и нето секундарен доход.
Светската банка
Скриј го ова

Проекти и активности

Пребарај, прегледај и спореди на карта повеќе од 10.000 проекти од 1947 година па до денес.

Активности на Меѓународната банка за развој (IBRD)/Меѓународното здружение за развој (IDA) по фискална година

ИзворИзвор
Активности на Меѓународната банка за развој (IBRD)/Меѓународното здружение за развој (IDA) по фискална година
Забелешка: Податоците вклучуваат гаранции. Дополнителните активности на финансирање (освен проекти чии износи се зголемени преку дополнително финансирање) не се сметаат како одделни заеми, иако се вклучени во износот. Заедничките активности на IBRD и IDA се сметаат само еднаш, како активности на IBRD.
Проекти и активности
Скриј го ова
$74.00 милионFY2014

Нови и дополнителни проекти по фискална година

ИзворИзвор
Нови и дополнителни проекти по фискална година
Забелешка: Податоците вклучуваат гаранции. Дополнителните активности на финансирање (освен проекти чии износи се зголемени преку дополнително финансирање) не се сметаат како одделни заеми, иако се вклучени во износот. Заедничките активности на IBRD и IDA се сметаат само еднаш, како активности на IBRD.
Проекти и активности
Скриј го ова
2FY2014

Анкети

Библиотеката со микроподатоци содржи податоци за луѓе коишто живеат во земјите во развој, нивните институции, средина, заедници и активностите на нивните економии.

Најнови анкети (7 вкупно)

Enterprise Survey 2013
Од: World Bank, European Bank for Reconstruction and Development
Поднесено на: May 21, 2014
Global Financial Inclusion (Global Findex) Database 2011
Од: Development Research Group, Finance and Private Sector Development Unit - World Bank
Поднесено на: Dec 12, 2012
Multiple Indicator Cluster Survey 2011
Од: Institute of Public Health of the Republic of Macedonia, United Nations Children\u2019s Fund
Поднесено на: Nov 19, 2013
Multiple Indicator Cluster Survey 2011 - Roma Settlements
Од: Institute of Public Health of the Republic of Macedonia, United Nations Children\u2019s Fund
Поднесено на: Nov 19, 2013
ИзворИзвор
Најнови анкети
Библиотеката со микроподатоци вклучува групи на податоци креирани од Светската банка, како на пример проценка на влијанието од активностите на Банката или истражување на развојни прашања. Исто така, таа вклучува групи на податоци од други меѓународни организации, агенции за статистика и други агенции во земји со низок и ниско-среден доход. Наша цел е да им обезбедиме на сите корисници бесплатен пристап до што е можно повеќе информации. Меѓутоа, во некои ситуации, особено кога други агенции ги доставуваат групите на податоци до Светската банка, таквите агенции и понатаму се сопственици на податоците и начинот на кој може да се пристапи до податоците и начинот на кој тие може да се користат може да е ограничен.
Библиотека со микроподатоци
Скриј го ова

Климатски промени

Порталот за климатски промени е центар на информации, податоци и извештаи за климатските промени во светот. Овде можете да побарате, да лоцирате на карта, да споредите, да креирате графикони, и да резимирате клучни информации за климатските промени.

Просечна месечна температура
1901 - 2009 (°C)

ИзворИзвор
Просечна месечна температура
Просечна месечна температура е месечни просеци за периодот од 1901 до 2009 година. Овие податоци се базирани на климатологии од Одделот за истражување на климата. За да се добијат проекции за периодот кога нема достапни податоци од инструменти (метеоролошки станици) или податоците не се веродостојни, особено во почетокот на 20-от век, се користеше моделирање.
Извор: Портал за климатски промени на Светската банка; Оддел за истражување на климата, Универзитет во Источна Англија
Скриј го ова

Просечно месечно количество на дожд
1901 - 2009 (mm)

ИзворИзвор
Просечно месечно количество на дожд
Просечно месечно количество на дожд е месечни просеци за периодот од 1901 до 2009 година. Овие податоци се базирани на климатологии од Одделот за истражување на климата. За да се добијат проекции за периодот кога нема достапни податоци од инструменти (метеоролошки станици) или податоците не се веродостојни, особено во почетокот на 20-от век, се користеше моделирање.
Извор: Портал за климатски промени на Светската банка; Оддел за истражување на климата, Универзитет во Источна Англија
Скриј го ова

Help/Feedback

User Voice